Слушај Македонски артисти

Албумот “Colosseum full of emotions” достапен во печатена верзија.

Во време – невреме, кога повеќе од денот поминуваме во домашна атмосфера, да слушаме квалитетна музика.
За сите љубители на инструментална музика, албумот “Colosseum Full of Emotions” (колосеум полн со емоции) е достапен за симболична цена од 200 денари.

Музичарите се едни од најпогодените групи од ситуацијата на светот. Се случува една голема промена и најдобрата работа која можеме да ја направиме сега е да се поддржиме меѓусебно.

Една од најдобрите работи кои се случија оваа година е издавањето на мојот прв албум, “Colosseum Full of Emotions” или на македонски “Колосеум полн со емоции”. Се состои од 8 музички композиции и секоја е створена од рој емоции… Болка, среќа, надеж, љубов, тага… 

Се надевам дека сите стоиме на дистанца и набрзо ќе придонесиме повторно да се вратиме во нормалниот свет и да продолжат убавите саботни свирки, мини и големи концерти. Сите ги сакаме летата заради безбројните можности, но ова лето имаме огромна причина да застанеме со тоа што го правиме најдобро – да направиме да си поминувате незаборавно.

Слушај македонски артисти.